Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Зад себе имав тешка ноќ, со помош на докторот и Бог тоа го надминав

Ѓоковиќ: Зад себе имав тешка ноќ, со помош на докторот и Бог тоа го надминав

Србскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во рамките на Мастерс турнирот во Синсинати го порази Французинот Адриан Манарино и на тој начин се пласираше во осминафиналето.

Натпреварот за Новак беше многу потежок отколку што се очекуваше. Го загуби првио сет со 6:4, а потоа славеше со 6:2 и 6:1 и се пласираше понатаму. По натпреварот Ноле истакна дека зад него е тешка ноќ и дека не се чуствувал добро во првиот и првата половина од вториот сет.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Не се чуствував добро во првиот и првата половина од вториот сет. Зад себе имав тешка ноќ, но со помош на докторот и Бог успеав да ја поминам оваа препрека. Манарино играше добро во текот на првиот сет, а јас не бев на своето ниво. Тешко се движев и имав неизнудени грешки. Во вториот дел од натпреварот беше многу подобро, а тоа ќе се обидам да го пренесам и во наредниот круг.“ – изјави Ноле.

Инаку, популарниот Ноле во осминафиналето ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …