Дома Останати Ѓоковиќ го прегрази Цонга во три сета!

Ѓоковиќ го прегрази Цонга во три сета!

Новак Ѓоковиќ рутински, со 3:0 во сетови славеше против Жо Вилфрид Цонга, и се пласира во следното коло на Австралија Опен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Најдобриот тенисер во светот подобро го отвори мечот и прв направи брејк,кој подоцна Цонга го врати. Србинот потоа направи и уште еден брејк и го доби сетот со 6:3. Слична беше ситуацијата и во вториот сет кој му припадна на Ноле со 7:5.

Во третиот сет се виде дека Цонга нема сили за пресврт, Ѓоковиќ направи еден брејк, кој го сочува до крај за конечни 6:4.

Од останатите поинтересни мечеви во машка конкуренција, Нишиори со 3-2 го совлада Карловиќ, Раониќ со 3-1 беше подобар од Вавринка, а Александер Зверев со 3-2 го помина Шарди.

Ѓоковиќ во следното коло во Мелбурн ќе игра против Денис Шаповалов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…