Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го потврди следниот турнир на кој ќе учествува

Ѓоковиќ го потврди следниот турнир на кој ќе учествува

Новак Ѓоковиќ го потврди турнирот на кој ќе се врати на терените по поразот од Јаник Синер на Австралија Опен. Српскиот тенисер ќе учествува на Индијан Велс од Мастерс серијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаше дилеми дали ќе игра Новак на овој турнир каде што не се појавил од 2019 година поради пандемијата со корона-вирусот, но преку неговиот официјален сајт Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи тука.

Турнирот во Индијан Велс се игра од 6-ти до 17-ти март, а Ѓоковиќ досега освои пет титули, последната беше во 2016 година.

Засега нема потврда дали ќе продолжи и во Мајами каде што исто така поради ковид правилата не играше изминатите години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…