Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го доби Федерер: Во финалето ќе игра за титула и прво место!

Ѓоковиќ го доби Федерер: Во финалето ќе игра за титула и прво место!

Навивачите на Австралија Опен во полуфиналето имаа можност да уживаат во нов меч помеѓу едни од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

На крајот се радуваше српскиот тенисер кој го победи Федерер со 3:0 во сетови (7:6, 6:4 и 6:3). Федерер одлично го стартуваше мечот и изгледаше супериорно, направи и брејк за водство од 2:0. Сепак, Новак веќе во следниот гем врати исто и намали на 2:1. Потоа следуваше нов брејк на Федерер за 3:1. Швајцарецот стигна и до 5:2 во гемови и тогаш изгледаше дека ќе го добие првиот сет. Меѓутоа Ѓоковиќ се врати и се избори за тај-брејк кој го доби со 7:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот сет продолжи падот на играта во Федерер и Ѓоковиќ го доби тој сет со 6:4. И во третиот сет видовме моќна игра на Ѓоковиќ. До првиот брејк во третиот сет Новак стигна кога поведе со 4:2. Федерер не успеа да се врати и го загуби овој сет со 6:3.

Финалето на Австралија Опен освен што за Ѓоковиќ ќе биде меч за титула, ќе биде и меч за враќање на првото место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…