Ракометарките на Ѓер се првите финалистки во Лигата на шампионите, откако го совладаа романскиот шампион ЧСМ Букурешет 20-26 во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта. Европскиот шампион водеше во текот на целото прво полувреме, како и на стартот на второто, но ЦСМ Букурешт се врати во игра. Сепак, тоа беше само моментален блесок, па Ѓер бодрен од многубројните навивачи одново се одлепи и полека но сигурно, ја одржа предноста до крајот.

Нике Грот постигна седум, Анита Горбиц и Стине Офтендал додадоа по пет гола во победата за ново финале на Ѓер. Кај ЧСМ Букурешт, најефикасна вообичаено беше Кристина Неагу со шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Нтанзи со еден потег меѓу најдобрите: европско признание по победата на Пелистер

Погодокот на Саду Нтанзи против Гдањск е трет во изборот на ЕХФ за најубави голови на коло…