Голманот на Јувентус Војчех Шчесни би можел повторно да ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо.
Полскиот ветеран во наредната сезона веројатно нема да биде прв голман ако остане во Торино, па затоа се најавува негово заминување. Шчесни и Роналдо беа соиграчи во Јувентус, а сега би можеле повторно да бидат заедно во редовите на Ал Наср.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите се дека Ал Наср е подготвен да плати сума од пет милиони евра за Шчесни кој има веќе 34 години. Наследник на Шчесни во Јувентус би требало да биде Микеле ди Грегорио од Монца кого Јувентус веќе го договори.
Кога во прашање се условите на Шчесни во Ал Наср тој би добил двегодишен договор и повисока плата. Голот на Јувентус Шчесни го брани од 2017 година, а во кариерата настапуваше уште за Рома, Арсенал и Брентфорд.