Јувентус вчера го победи Спортинг со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Европа, а во овој натпревар со непријатност се соочи голманот Војчех Шчесни.
Шчесни се пожали на болка во градите и проблем со дишењето, па мораше да биде заменет. Причина беше ударот во дирекот по кој полскиот голман останал без водух, а теренот го напушти во солзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Никогаш претходно не сум се исплашил така, никогаш не ми се случило вакво нешто. Не можев да земам воздух и тоа ме загрижи. Малку сум зашеутен, ги направивме сите тестови и како што изгледа се е во ред“.
🇵🇱💪 Wojciech Szczęsny was forced off for Juventus after having chest pains mid-match.
— EuroFoot (@eurofootcom) April 13, 2023
He was experiencing palpitations after medical checks: everything is now okay, reports @romeoagresti. pic.twitter.com/WBtK7vK9hX
Шчесни на голот беше одлично заменет од Матија Перин кој во четвртата минута од судиското продолжение со фантастична одбрана го спаси Јувентус.