Фудбалерите на атински Панатинајкос вчера не се појавија на тренингот поради протест за неисплатени плати, пренесуваат грчките медиуми.
Играчите на претседателот на клубот Василис Константину му порачаа дека нема да тренираат додека не ги добијат заостанатите плати најмалку до декември минатата година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот ги исплатуваше платите навремено до октомври минатата година.
Претходната недела грчката Супер лига му одзеде на Панатинајкос 3 бода поради неисплатени 500.000 евра на својот поранешен играч, германецот Јенс Вемер.
После казната, Панатинајкос се наоѓа на 11. место на табелата во Супер лигата.
Финансиските проблеми за клубот започнаа на почетокот од сезоната, кога богатиот сопственик Јанис Алафузос одлучи да го прекине финансирањето.