Наредната недела стартува новото издание на Лигата на шампионите кое за првпат ќе се игра во нов формат.
Сезонава натпревари во најелитното европско натпреварување освен во вторник и среда, ќе гледаме и во четврток.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стартот не очекуваат неколку интересни дуели како: Милан – Ливерпул, Манчестер Сити – Интер, Монако – Барселона, Аталанта – Арсенал…Сезоната ќе биде отворена со натпреварите во вторник од 18:45 часот: Јанг Бојс -Астон Вила и Јувентус – ПСВ.
Дел од Лигата на шампионите сезонава ќе биде и македонскиот напаѓач, Бојан Миовски кој во првото коло со Жирона ќе гостува кај Пари Сен Жермен.