Дома Фудбал Англија Што се случува со Тимо Вернер?

Што се случува со Тимо Вернер?

Tимот Вернер во последниот преоден рок дојде како големо засилување во редовите на Челзи, но тој сега е во голгетерски пост.

Челзи славеше против Вест Хем со 3:0, а Вернер и во овој натпревар не успеа да се запише во листата на стрелци иако имаше неколку добри прилика за гол.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со ова Вернер дојде до 10. натпревар во низа на кој не постигнал гол. Еден од натпреварите го одигра за репрезентацијата на Германија, додека останатите девет се за Челзи.

Изгледа голгетерската криза влијае на самодовербата кај Вернер па тој не успеава да погоди и од идеални шанси. Критичарите сметаат дека Лампард треба да го седне Вернер малку на клупа и да даде шанса на други играчи.

Во следното коло Челзи го чека градското дерби против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …