Според пишувањето на италијанскиот Il Messagger, Џенаро Гатузо доживува голема драма.
46-годишниот тренер моментално е на чело на Марсеј и води голема борба да го втурне клубот во делот од табелата кој гарантира европски натпреварувања, но вистинските проблеми настанаа во неговата родна земја Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таму неговото семејство пријавило во полиција дека Ндрангета, озлогласената калабриска мафија, им се заканува со смрт и дека Гатузо сака да го исели семејството од Италија.
Се започнало кога таткото на Гатузо и уште еден член на семејството планирале да постават фото-панели на семејниот имот, а за тој проект добил околу 80 илјади долари. За ова дознала мафијата и се обидела да му користи лихварство и барала да им плати три илјади евра за заштита.
Во меѓувреме направиле неколку потези за да го заплашат познатиот поранешен фудбалер, па двапати го запалиле автомобилот на неговата ќерка и ја демолирале куќата на неговата сестра.
Гатузо попуштил и им ја платил бараната цифра пред еден месец, но сега стравува за животот на своето семејство и се надева на полицијата, која според последните извештаи уапсила двајца осомничени.