Дома Фудбал Репрезентации Што прави денес судијата кој го режираше еден од најголемите „грабежи“ на мундијалите?

Што прави денес судијата кој го режираше еден од најголемите „грабежи“ на мундијалите?

Поминаа скоро пет години од Светското првенство Бразил, а на тој Мундијал се случи една од најголемите судиски греши или слободно можеме да кажеме „грабежи“.

Денес пензионираниот фудбалски судија од Нов Зеланд Питер O’Лерој тогаш и нанесе огромна штета на Босна и Хрецеговина во натпреварот против Нигерија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На тој натпревар овој судија поништи чист гол на Един Џеко, а подоцна не досуди прекршок над капитенот на Босна, Емир Спахиќ кој претходеше на голот на Оденвинге.

Што денес прави овој судија кој на овие простори стана популарен поради тој натпревар?

Последниот натпревар во судиската кариера го судеше во 2015 година и тоа во рамките од австралиската прва лига помеѓу Феникс и Централ Кост Маринерс. Интересно е што точно десет години претходно го судеше првиот лигашки натпревари.

Со години беше професор по биологија, а од пред една година стана нов директор на средно училште. Тогаш имаше интервју во кое зборуваше за тоа како се обидувал да изгради играчка кариера.

„Никогаш не бев голем играч. Мојот прекар беше Сплинтер бидејќи повеќе време поминував на клупата отколку на теренот“, прокоментира тој и објасни како започнал да суди.

„Во еден натпревар имаше многу постари фудбалери на теренот кои ги познавав. Се сеќавам дека покрај мене стоеше Питер Купер и му кажав: Ми изгледа дека оној онаму е во офсајд, а тој ми одговори, да така е. Во тој момент јас самиот на себе си кажав, тоа е тоа. Ми беше малку чудно затоа што цело време бев играч, а тогаш одеднаш станав некој кој ги носи одлуките“, се потсети О’Лерој.

За крај потсетете се на кражбата која и ја направи на Босна и Херцеговина…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во мила…