Дома Трансфер зона Што го кочи трансферот на Суарез во Јувентус?

Што го кочи трансферот на Суарез во Јувентус?

Луис Суарез или Един Џеко? Кој ќе го засили Јувентус од овие двајца фудбалери е прашањето со кое се занимаваат италијанските и шпанските медиуми.

И работите се менуваат од минута во минута. Иако вчера изгледаше дека трансферот на Суарез е завршена работа, денес од Шпанија пристигнуваат поинакви информации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според шпанските медиуми Суарез договорил соработка на три години со Јувентус и ќезаработува 10 милиони евра. Меѓута трансферот го кочи Барселона, иако Куман не смета на него.

Како Барселона го кочи трансферот кога е означен Суарез како „вишок“?

Куман не смета на него, но уругвајскиот напаѓач не сака без оштета да ја напушти Барселона. Шпанците тврди дека Суарез од Барселона бара 17 милиони евра за раскин на договорот, клубот таа сума не сака да му ја исплати.

„Старата дама“ се уште чека, но во торинскиот клуб може и да го изгубат трпението. Андреа Пирло сака што побрзо да го реши прашањето со напаѓач, па затоа оваа недела би требало да го добиеме одговорот на прашањето кој ќе го засили нападот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …