Дома Македонски спорт Мак ракомет Штип по пет години повторно има женска екипа во ракометната елита на Македонија!

Штип по пет години повторно има женска екипа во ракометната елита на Македонија!

Штипскиот женски ракомет тивко и ненаметливо повторно ќе ги заплиснува елитните прволигашки ракометни води во друштво со најдобрите македонски ракометарки.

По пауза од цели 5 години ракометниот фанатик и докажан стручњак Дејан Величков повторно ги собра најдобрите девојки во Штип обновувајќи го РК „Астибо“ кој веќе почна со првенствени натпревари во женската Супер лига на Македонија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првото коло тимот на Астибо гостуваше во Свети Николе каде што загуби со резултат 29:24. Само неискуството и немањето доволно натпревари беше причина за падот во играта на штипските ракометарки кои во првото полувреме имаа водство од 15:9.

Радува податокот дека штипјани конечно ќе можат да присуствуваат на квалитетен женски ракомет со најдобрите македонски екипи. Тренерот Дејан Величков нагласува дека костурот на тимот го сочинуваат играчки од сопствен кадар за што во работата ќе му помага Марија Анчева која ќе биде во улога на капитен на екипата и помошник тренер на РК „ Астибо“.

Извор: mnet.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…