Голман од калибарот на Арпад Штербик е вистинска реткост да се има во својот колектив, црвено-црните ја имаа таа привилегија да биде четири години дел од скопскиот тим. Со него ги достигнавме европските височини, во својата кариера ова е единствен договор кој тој го одбработи до крајот. Емоциите пред заминувањето во Веспрем неможеше да ги сокрие големиот човек и голман на Вардар.

Четирите години овде  поминаа многу брзо, секогаш кога ти е убаво, времето „лета“, па еве дојде и време за разделба. Со моето семејство секојдневно зборуваме дека ни е тешко што си заминуваме од овде, ни беше навистина убаво и на ракометниот терен и надвор од него. Ако подвлечеме црта по овие четири години, имаше многу позитивни работи. Имавме големи успеси, сите беа со нас. Мене ми е многу тешко, еве ако нешто ви значи, ова ми е првиот договор во кариерата што го одработувам докрај. Во претходните тимови, секогаш си заминував пред истекот на договорите. Сега кога треба да ги спакуваме торбите, навистина е непријатно. Сакам да им се заблагодарам на сите. Од келнерите во овој комплекс, па до сопственикот Самсоненко, кои направија да биде како што треба. Нашите навивачи секогаш беа тука, и во добро и во зло, сигурен сум дека Вардар ќе продолжи на вакво ниво и ќе имаат уште многу моменти за радост– вели Штербик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…