Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Реал тргнува по Тимо Вернер!

Шпанците тврдат: Реал тргнува по Тимо Вернер!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид сака да го засили нападот до завршувањето на преодниот рок, а примарна цел е голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дон Балон“ тврди дека „кралевите“ во 21-годишниот Германец гледаат идеално засилување не само за сегашноста туку и за иднината.

Вернер блесна во дресот на Лајпциг и во изминатите две сезони постигна 42 гола во сите натпреварувања.

Вернер може да биде идеална замена за Бензема, но и играч кој ќе го предводи нападот во иднина.

До затворањето на преодниот рок во Шпанија остануваат уште две недели, а „кралевите“ наводно се спремни да платат помеѓу 50 и 60 милиони евра за Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…