Дома Фудбал Шпанците тврдат: Анчелоти наскоро добива нов договор!

Шпанците тврдат: Анчелоти наскоро добива нов договор!

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти наскоро би можел да потпише нов договор со Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Анчелоти има голема доверба од раководството на клубот и Флорентино Перез смета дека заслужува нов договор. Италијанецот има договор до 2024 година и за многумина беше изненадување кога клубот го врати пред една година кога Зидан си замина по вторпат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Анчелоти ја освои титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите и Реал на теренот изгледа одлично. Во својот прв мандат во Реал Анчелоти ја освои Лигата на шампионите и шпанскиот куп, но доби отказ летото 2015 година кога беше заменет од Рафаел Бенитез.

Во кариерата Анчелоти освои се што можеше да се освои со Милан, подоцна работеше во ПСЖ, Баерн, Наполи и Евертон од каде што се врати во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…