Френки Де Јонг во изминатиот преоден рок го обезбеди трансферот во Барселона вреден 75 милиони евра плус бонуси.
Освен Барселона и ПСЖ беше блиску да го доведе, се споменуваше и Манчестер Сити, меѓутоа на крајот тој ја избра Барселона во која ќе пристигне на лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона со сумата која ја плати го направи Де Јонг најскапиот Холанѓанец на сите времиња.
Де Јонг во Барселона ќе добива плата од 16 милиони евра годишно.. Десет ќе биде неговата основа плата и шест ќе добие преку бонуси, додека договорот ќе има важност од пет години.
Сега шпански „Мундо Депортиво“ открива каква понуда имал младиот фудбалер од Пари Сен Жермен.
Според информациите на реномираниот „Мундо Депортиво“, Пари Сен Жермен на Де Јонг му нудел бланко чек – плата колкава што сака.
Меѓутоа тој на крајот тој ја избра Барселона, а неодамна откри и зошто се одлучил за каталонскиот гигант. Како што кажа самиот Де Јонг Барселона била клубот кој му привлекувал најголемо внимание.
„Бев во Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, разговарав со Томас Тухел и Пеп Гвардиола. Двата клуба оставија добар впечаток на мене. Сепак, Барса беше најголема во моите очи. Шпанија ја сметав за најдобра опција“, изјави неодамна холандскиот фудбалер.
Како што споменавме Де Јонг на Барселона ќе и се приклучи после завршувањето на актуелната сезона.