Шпанското обвинителство започна нова истрага портив Лука Модриќ, пишиува „Мундо Депортиво“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанците власти тврдат дека фудбалерот на Реал затаил 1.2 милиони евра пред шест години кога пристигнал на „Бернабеу“. Имено, обвинителството смета дека Модриќ морал да им плати данок за цела година иако престојувал во Мадрид само четири месеци. Првите осум месеци во 2012 година Хрватот го носеше дресот на Тотенхем.
Претходно Модриќ беше под обвинение дека во 2013 и 2014 година затаил повеќе од 800.000 евра данок, па вкупната бројка за која сега сомневаат шпанските власти достигнува нешто повеќе од два милиони евра.
Капитенот на Хрватска се обвинува дека отворил фиктивна компанија во Луксембург под името Ивано и на истата ги пренел своите маркетиншки права. Така во 2013 година затаил 290.000 евра, а во 2014 579.000 евра.