Дома Топ вести Шпански новинар го прашува Винисиус: Како Јамал е црн, а доби овации против Жирона?

Шпански новинар го прашува Винисиус: Како Јамал е црн, а доби овации против Жирона?

Eкипата на Барселона со 4:1 славеше победа против Жирона во Ла Лига во рамките од петтото коло во Ла Лига, а одличен во овој натпревар беше Ламин Јамал кој постигна два гола. По еден додадоа Дани Олмо и Педри.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Младото шпанско крило во пет настапи има три гола и четири асистенции, против Жирона доби и аплаузи од противничките навивачи. Во 92. минута Жерард Мартин влезе во игра на местото на Јамал и домашната публика го испрати со силен аплауз.

Тој момент го забележи шпанскиот новинар Хозеп Капдевиља кој повлече паралела со Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Бразилецот често пати се жали на однесувањето на шпанската публика на гостинските стадиони.

Винисиус со своето однесување ги провоцира противничките навивачи кои не му остануваат должни. Потоа редовно се жали дека неговиот третман е поврзан со расизмот. Споменатиот Капдевиља на социјалните мрежи објави:

„Не разбирам. Ламин е црн, а доби овации од стадионот во Жирона. Винисиус, можеш ли ова да ми го објасниш?“, гласи коментарот на новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Детали за состојбата на Фергусон откако му се слоши на натпреварот против Ливерпул

Фергусон, според aнглиските медиуми се закрепнува откако му се слоши на Олд Трафорд измина…