Пред шест години Ансу Фати се појави како сензација во европскиот фудбал воодушевувајќи со своите настапи во првиот тим на Барселона
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вредноста која ја имаше во тој момент се проценуваше на 80 милиони евра и се прогнозираше дека во иднина ќе ја освои „Златната топка“. Но, денес е јасно дека такво нешто во реалноста е многу далеку.
Фати има 21 година и денес вреди само 15 милиони евра, а кај ниту еден тренер не успева да се избори за статус на првотимец.
За проблемите на Фати пишува новинарот Чави Торес.
„Фати нема проблем со ритамот, неговиот проблем е во подрачјето на колената. На двапати му страдаа задните мускули и не сакаше да ги оперира. Сега не може да го контролира физичкиот напад и не може да ја испружи ногата. Исто така не може ниту да направи 50 спринта со полна брзина, а тоа е нешто што му е потребно на секој напаѓач“, изјави Торес.
Беше испратен Фати и на позајмица во Барселона, но и таму одигра само два натпревари и помина 99 минути на теренот. Против Севиља доби шанса од првата минута и беше заменет во 74.