Дома Фудбал Шпански медиум девет играчи на Барселона оцени со „нула“

Шпански медиум девет играчи на Барселона оцени со „нула“

Историскиот дебакл на Барселона во вчерашниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите денес е главна тема во спортските медиуми.

Кике Сетиен и клупската управа се на удар на страшни критики, а во „газењето“ на Барселона се соединија скоро сите шпански медиуми.

Шпанците беа критични и кога се оценките на играчите во прашање, а најдалеку отиде весникот „АС“ кој дури деветмина на Барселона оцени со оценка „нула“. „АС“ играчите ги оценува со симболи во облик на „пик“ од игрите со карти. Единствени кои добија само еден симбол се Луис Суарез и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…