Дома Топ вести Шпанските медиуми веќе ги открија веројатните состави на Реал и Барса

Шпанските медиуми веќе ги открија веројатните состави на Реал и Барса

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат вечерашното дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое се игра во рамки на 30 коло од шпанската Ла Лига.

Реал и Барселона се обидуваат да го стигнат Атлетико кој моментално е лидер на табелата, а вечерашниот натпревар е од големо значење за двата тима.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот се игра на стадионот Алфредо ди Стефано, а шпанските медиуми утрово ги објавија веројатните состави. Јасно е дека Зидан и Куман ќе го започнат натпреварот со најсилните состави кои ги имаат на располагање.

Зидан нема многу да експериментира, а од друга страна се очекува Барселона да заигра во формација 3-4-3, а Франки де Јонг може да биде еден од стоперите.

Веројатни состави:

Реал Мадрид: Куртоа, Менди, Начо, Милитао, Вазкез, Модриќ, Касемиро, Крос, Асенсио, Винисиус, Бензема.

Барселона: Тер Штеген, Араухо, Ленгле, Де Јонг, Дест, Жорди Алба, Бускетс, Педри, Дембеле, Гризман, Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…