Дома Фудбал Останато Шпанскиот ветеран открива: Имав договорен трансфер во Реал, но претседателот на клубот се уништи

Шпанскиот ветеран открива: Имав договорен трансфер во Реал, но претседателот на клубот се уништи

joakin

Големиот шпански ветеран, Хоакин Санчез во разговор за медиумите откри дека пред десет години бил на чекор од потпис со Реал Мадрид.

Капитенот на Бетис во 2006 години бил пред трансфер во Реал Мадрид, но зделката му ја упропастило тогашното раководство на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се беше договорено. Реал Мадрид беше моја голема желба и тоа му го кажав на претседателот. Му порачав дека тоа е шанса да заиграм за еден од најголемите клубови во светот, бев спремен заминам на прегледи во Мадрид и потпис, но на крајот се пропадна“.

„Претседателот на Бетис, Мануел Руиз знаеше што сакам, но исто така знаеше и колкава сума сака. Флорентино Перез едноставно не сакаше да плати толку пари за мене и на крајот завршив во Валенсија“, откри Хоакин.

Валенсија таа година го доведе Хоакин за сума од 25 милиони евра, подоцна го носеше дресот на Малага и Фиорентина, за во 2015 година да се врати во Бетис.

За репрезентацијата на Шпанија дебитираше во 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…