Капитенот на Севиља и легенда на овој клуб Хесус Навас вчера го одигра својот 500. натпревар за андалузискиот клуб.
Навас при излегувањето од теренот беше емотивен и се расплака. Пред Севиља се уште два натпревари, а во последниот Севиља ќе биде домаќин. Извесно е дека тоа ќе биде последен натпревар за Навас во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Севиља, Кике Санчес Флорес солзите на Навас ги препиша на јубилејот, но шпанските медиуми откриваат дека тие всушност претствуваат простување од клубот.
Навас наводно и соопштил на Севиља дека заминува на крајот од сезоната по истекот на договорот. Поради финансиската идеја, Севиља ја одложи идејата да му понуди нов договор, меѓутоа независно од тоа Навас одлучил.
Се уште не е познато дали иконот на Севиља ќе се пензионира или ќе оди на нов предизвик.
Единствен клуб за кој играше надвор од Севиља беше Манчестер Сити (2013-2017) со кој беше шампион на Англија. Во репрезентативната кариера беше светски и европски шампион со Шпанија.