Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шпанија со гол во 120-та до полуфинале🎥

Шпанија со гол во 120-та до полуфинале🎥

Шпанската репрезентација е првиот полуфиналист на ЕП, откако после продолженија ја совлада Германија со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија подобро го отвори второто полувреме и веднаш имаше шанса преку Мората кој биеше над голот.

Неколку минути подоцна Олмо погоди од работ на шеснаесетникот за водство од 1:0 и тој резултат беше на сила се до 90-та минута.

Виртц погоди за 1:1 и го однесе мечот во продолженија. Во 105-та минута имаше сомнителна ситуација,но судијата Тејлор не досуди пенал после играта со рака на Кукуреља.

Кога сите помислија дека мечот ќе се реши на пенали, во 120-та минута Мерино постигна гол за 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Навивачите ширум светот во шок поради големата објава на Реал

Реал Мадрид сигурно ќе изгледа многу подобро отколку минатата сезона, која беше ужасна, а …