Дома Фудбал Шпанија во чудо: Видете што прави Модриќ на клупата на Реал!

Шпанија во чудо: Видете што прави Модриќ на клупата на Реал!

Реал Мадрид долго време се мачеше да го скрши отпорот на Гетафе и на крајот успеа да победи со гол на Кристиано Роналдо во 86-та минута.

Зинедин Зидан одлучи на тој дуел да го остави Лука Модриќ на клупата и да го одмара за дуелот со Тотенхем во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, Хрватот не можеше да мирува, особено во моментите кога Реал бркаше водство на 1:1 и направи потег кој стана хит на социјалните мрежи.

Имено, Модриќ примети дека недостасува креација па во еден момент буквално го испрати Иско на загревање. Подоцна Зидан го внесе Шпанецот во игра и токму Иско му асистираше на Роналдо за голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со ст…