Дома Трансфер зона Шпанецот постигнал договор – Алваро Мората пред враќање во Премиер лигата!

Шпанецот постигнал договор – Алваро Мората пред враќање во Премиер лигата!

Алваро Мората го напушта Јувентус, а изгледа дека кариерата може да ја продолжи во редовите на лондонски Арсенал.

Шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека 29-годишниот напаѓач ги договорил сите услови со лондонскиот клуб и наскоро ќе отпатува за Лондон за да потпише договор. Мората во Арсенал доаѓа од Атлетико Мадрид со кој беше под договор, а вредноста на трансферот би требало да изнесува 30 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За шпанскиот напаѓач ова би било враќање во Премиер лигата после три години. Во Англија Мората претходно го носеше дресот на Челзи каде што баш и не се прослави.

Мората во последните две години играше како позајмен во Јувентус. Торинскиот клуб сепак не сакаше да издвои 30 милиони евра за неговиот потпис и ќе бара други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…