Дома Фудбал Репрезентации Шоу на Суарез против Мексико: Ремек-дело, паненка и фудбалска магија за крај! (видео)

Шоу на Суарез против Мексико: Ремек-дело, паненка и фудбалска магија за крај! (видео)

Мексико и Уругвај вчера одиграа пријателски натпревар кој апсолутно помина во знакот на Луис Суарез.

Ургувај славеше со резултат 4:1, а најзаслужен за триумфот беше одличниот напаѓач на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уругвај поведе преку Хименез во 21-та минута, но само четири минути подоцна Хименез од другата страна погоди за изедначување на Мексико.
Потоа на сцена стапи Луис Суарез.

Прво во 32 минута постигна преркасен гол од слободен удар за ново водство на Уругвај, а на пет минути до крајот постигна гол за водство од 3:1. Овој пат погоди од белата точка но со стил – со паненка.

На полувреме се замина со 3:1, за во 59-та минута Суарез да изведе уште една мајсторија.

Овој пат не постигна гол, но затоа испрати генијална асистенција за Перира кој ги постави конечните 4:1. Суарез испрати одличен центаршут со „рабона“, а на неговиот соиграч не му беше тешко со глава да ја погоди мрежата на Мексиканците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…