Tимот на Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот на Северна и централна Америка откако по пенали го совлада Далас со 5:4.
Вистински херој на Интер Мајами беше Меси кој имаше свое шоу. Аегентинецот го отвори резултатот во шестата минута, а подоцна Далас направи пресврт и поведе со 3:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преку Кремаши Интер Мајами намали на 3:2, но три минути подоцна одново Далас дојде до два гола предност (4:2). Со автоголот на Фарфан тимот на Меси намали на 4:3, за потоа Аргентинецот со фантастичен гол од слободен удар да изедначи на 4:4.
OTRO GOLAZO DE NUESTRO CAPITÁN 🫡 🫡🫡#DALvMIA | 4-4 pic.twitter.com/aOhBw7LJGZ
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 7, 2023
Меси беше прецизен и од белата точка во изведувањето на пенали, додека неговиот тим обезбеди место во следната фаза.