Дома Фудбал Останато Шорцевите на дресот на Ајакс беа претесни за бутниот мускул на Де Лихт (ВИДЕО)

Шорцевите на дресот на Ајакс беа претесни за бутниот мускул на Де Лихт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс вчера на гости го победија Де Графшап со 1:4 и така ја освоија титулата шампион на Холандија.

Ајакс оваа сезона игра навистина одлично и покрај двојната круна во Холандија беше на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампионите каде што испадна од Тотенхем во полуфиналето со гол во последната секунда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во летото кое следи јасно е дека поголем дел од сегашните фудбалери на Ајакс ќе ја променат средината, а еден од првите на таа листа е Матијас Де Лихт.
Капитенот на Ајакс има само 19 години и неговата цена на трансфер пазарот е околу 80 милиони евра.

Де Лихт вчера веројатно го одигра последниот натпревар во дресот на Ајакс, а во тој натпревар беше забележан еден интересен момент. Имено, во текот на натпреварот Де Лихт истрча до клупата и побара ножички.

Откако ги доби ножичките тој ги пресече шорцевите бидејќи премногу го стегаа неговиот бутен мускул. Секако, оваа слика брзо стана хит на друштвените мрежи и поголемиот дел од фановите шеговито му порачаа на Ајакс за Де Лихт да дизајнира посебни шорцеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…