Дома Македонски спорт Мак ракомет Шок цени во Битола: Еурофарм за исто натпреварување продава пет пати поскапи билети од Вардар!

Шок цени во Битола: Еурофарм за исто натпреварување продава пет пати поскапи билети од Вардар!

Битолски Еурофарм непријатно ги изненади своите фанови со цените билетите за натпреварот против Веспрем во СЕХА лигата.

Имено, битолскиот клуб на својот Фејсбук профил објави дека билетите за овој натпревар ќе се продаваат по цена од 250 денари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Почитувани љубители на ракометот, РК Еурофарм Работник в среда на 2 октомври 2019 во 17:15 часот го пречекува својот нов противник во рамките на СЕХА лигата, Веспрем. Ве известуваме дека продажбата на билетите за овој натпревар ја стартуваме денес, сабота, во 12 часот.Цената на поединечниот билет за ова несекојдневно ракоменто доживување е 250 денари.Дојдете заедно да ги бодриме нашите момци во салата ,„Боро Чурлески“ во Битола. Билетите можете да ги купите онлајн на katrieurofarm.mk, како и на сите официјални продажни места кои се објавени на нашата страница за онлајн продажба на билети. Ве очекуваме!“, стои во објавеното соопштение.

Ова е навистина изненадување ако се знае дека Вардар кој е европски шампион влезниците за СЕХА лигата ги продава по симболична цена од 50 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…