Она што се шпекулираше сега е и потврдено, Даинис Криштопанс си заминува од Вардар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес Криштопанс го официјализираше трансферот во Фуксе Берлин. Информацијата прв ја објави германскиот ракометар Штефан Кречмар. Тој преку социјалните мрежи му посака добредојде на Криштопанс, а потоа и Фуксе Берлин го потврди трансферот.
Летонецот требаше да остане во Вардар до крајот на сезоната, но поради неисполнетите ветувања одлучи предвреме да го раскине договорот. Криштопнас во Фуксе Берлин ќе настапува до крајот на сезоната после што ќе се пресели во ПСЖ.
Заминувањето на Криштопанс дојде во и тоа како лош момент, пред дуелот со Мотор кој е од голема важност за пласман на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Во Фуксе Берлин Криштопанс ќе игра заедно со Дејан Милосављев кој во овој клуб пристигна по освојувањето на европската титула со Вардар минатата сезона.