Дома Останати Ракомет Криштопанс по заминувањето: Од нешто мора да се живее!

Криштопанс по заминувањето: Од нешто мора да се живее!

Најдобриот ракометар кој го имаше Вардар во овој момент Даинис Криштопанс од денес член на Фуксе Берлин каде што ќе игра до крајот на сезоната, па потоа ќе се пресели во ПСЖ каде што имаше претходно договорен трансфер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Фуксе Берлин Криштопанс ќе игра заедно со Дејан Милосављев со кој ја освоија европската титула со Вардар.

Криштопанс денес ја даде и првата изјава како играч на Фуксе Берлин.

„Благодарен сум на Вардар и на сите во клубот. Заедно поминавме спектакуларно време. Не може секој да се пофали со титула во Лигата на шампионите, меѓутоа сите знаеме дека од нешто мора да се живее. Доаѓам во еден од најдобрите германски клубови и овој дрес ќе го носам со гордост“, изјави Криштопанс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер по крајот на сезоната се збогуваше со четворица ракометари

Ракометниот клуб Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ракометари кои од сле…