Фудбалската асоцијација на Англија подигна официјално обвинение против легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс поради обложување на натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со тоа Сколс ги нарушил правилата кои им забрануваат на професионалните фудбалери, менаџери и агенти да се обложуваат на фудбалски натпревари.
Сколс е обвинет за 140 обложувања во периодот помеѓу 17 август 2015 и 12 јануари 2019 година, кога беше сопственик на екипата на Салфорд Сити.
Фудбалската асоцијација на Англија му даде рок на Сколс да изготви одбрана до 26-ти април.
BREAKING: Paul Scholes charged with misconduct in relation to @FA's betting rules for allegedly placing 140 bets on football matches between August 2015 and January 2019. #SSN pic.twitter.com/Bmz24uqoHv
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 16, 2019
Сколс имаше беспрекорна играчка кариера без контроверзни моменти, па поради тоа англиската јавност е шокирана поради ваквото обвинение.
Ова не е прв пат славна фигура од англискиот фудбал да се најде на удар на ФА поради обложување. Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ исто така е обвинет и во моментов ја чека одлуката на ФА.