Дома Топ вести Шок на ,,Енфилд”: Ливерпул потврди – Клоп заминува!

Шок на ,,Енфилд”: Ливерпул потврди – Клоп заминува!

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе го напушти англискиот гигант по завршувањето на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Германскиот тренер на клупата на Ливерпул е од 8 октомври 2015 година и успеа да ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФИФА Светското клупско првенство, ФА купот, Лига купот, УЕФА Суперкупот и ФА Комјунити Шилд.

Лигата на Европа е единственото натпреварување во кое учествуваше, а не го освои. Ливерпул во второто по ранг европско натпреварување играше финале во 2016 година.

Од своето доаѓање Клоп целосно го обнови тимот на кој му недостигаше победнички дух и создаде една од најмоќните генерации во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Разговорите со Мануел Нојер продолжуваат, објавија од Баерн

Преговорите помеѓу Баерн Минхен и Мануел Нојер за евентуалното продолжување на останувањет…