После одличната игра и победата на сениорската репрезентација на Македонија во натпреварот против Лихтенштајн, денес на огромно изненадување на целата македонска фудбалска јавноста селекцијата до 21 година запиша пораз од репрезентацијата на Гибралтер.
Шокатниот денешен пораз од Гибралтар беше втор за нашите младинци во квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Македонија на стартот ја совлада Ерменија, па загуби од Србија, а денес следуваше вистински шок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој пораз на Македонија сигурно ќе биде едно од најголемите изненадувања во денешните натпревари, пред овој натпревар нашиот противник имаше серија од пет порази во низа, прими 14 голови, а не постигна ниту еден.
Голот на одлука во денешниот натпревар го постигна Торилија после околу еден час игра.