Капитенот на Барселона, Серхи Роберто повеќе не сака да ја чека Барселона и одлучил да го напушти клубот.
Оваа вест ја пренесуваат повеќе повеќе извори од Каталонија, кои откриваат дека Роберто е практично е слободен од 1. јули, но сакал да го почека клубот и да види дали ќе добие едногодишен договор. Практично имаше договор додека Чави беше тренер, но ситуацијата се промени кога пристигна Флик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роберто по дваесет дена чекање да добие повик одлучил да се откаже од потенцијалните преговори и ако остане на својот став ќе замине како слободен играч.
Валенсија и Севиља веќе покажале интерес, но наводно не сака да потпише за друг шпански клуб и сака трансфер во Премиер лигата. Роберто со 32 години верува дека може да одигра уште една сезона на највисоко ниво.
Роберто целата своја кариера ја помина во Барселона, доаѓа од младинските категории и дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2011 година и поради тоа во навивачите сакаат да остане.