Играчот за врска на Милан, Џакомо Боновентура ќе мора да биде трпелив со оглед на тоа дека не ќе може долго време настапува на фудбалските терени поради повреда.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Боновентура веќе неколку недели има проблеми со коленото, а италијанските медиуми пренесуваат дека сепак операцијата е неизбежна.
Ова значи дека овој важен фудбалер на Милан ќе биде надвор од терените уште околу пет месеци што сигурно ќе биде тежок удар како за него, така и за клубот.
Иначе тренерот Џенаро Гатузо има проблеми со повреда на уште неколку фудбалери, но се надева дека сите освен Боновентура ќе се опорават во текот на репрезентативната пауза. Освен та, проблем е и суспензијата на Гонзало Игуаин кој не ќе може да настапи во наредните два натпревари.
29 годишниот Боновентура во текот на оваа сезона настапи на осум натпревари постигна три гола и запиша една асистенција.