Дома Фудбал Останато Шок за „Аѕурите“: Италија на еден месец пред натпреварот со Македонија остана без селектор!

Шок за „Аѕурите“: Италија на еден месец пред натпреварот со Македонија остана без селектор!

Роберто Манчини повеќе не е селектор на италијанската репрезентација.

Оваа вест е изненадување во фудбалскиот свет бидејќи доаѓа неспоредно пред продолжувањето на квалификациите за Европското првенство. Македонија треба да ја пречека Италија за помалку од еден месец, односно на 9-ти септември.

Манчини Италија ја презема во 2018 година и имаше договор уште три години. Италија ја водеше на 61 натпревар, а успеа и да го освои Европското првенство. Во оваа година Италија изгуби од Англија и Шпанија, додека ги победи Малта и Холандија.

Веднаш се појавија и имињата на можните наследици, се споменуваат Фабио Канаваро и Даниеле Де Роси. Канаваро е без ангажман откако го напушти Беневенто, а последен клуб на Де Роси беше СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сент Луис Сити го уништи ЛА Галакси со 6-2, Холсе со хет-трик

Карло Холсе постигна хет-трик за Сент Луис Сити во победата од 6-2 против ЛА Галакси, изед…