Дома Топ вести ШОК ВО МАДРИД: Еден од клучните играчи на Реал сака да си замине!

ШОК ВО МАДРИД: Еден од клучните играчи на Реал сака да си замине!

Реал Мадрид во блиска иднина би можел да остане без еден од најважните фудбалери во тимот, Рафаел Варан, кој според француските медиуми одбил да го продолжи договорот со „кралевите“.

Враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ наводно не промени ништо во одлуката на 25-годишниот дефанзивец, кој освои се што може да се освои со шпанскиот гигант, па сега посакува нов предизвик надвор од Шпанија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еминентниот „Екип“ тврди дека Варан го известил раководството на „кралевите“ за своите намери, дека не е спремен да стави потпос на нов договор, односно размислува за заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Се уште нема причина за паника во Мадрид со оглед на фактот дека Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година, но по се изгледа дека Реал во блиска иднина ќе мора да размислува за негова замена.

Вчера се појави информација дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и дека спремил понуда од 80 милиони евра (ОВДЕ).

Покрај „бјанконерите“ интерес за Варан покажуваат уште Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино лут поради срамната ситуација: Следниот пат сите ќе „летаат“ надвор!

И покрај победата од 6:0 и четирите гола на Кол Палмер, тренерот на Челзи, Маурисио Покети…