Дома Топ вести Шокантна најава од Шпанија: Лапорта сака да го врати Рајкард на клупата на Барселона?!

Шокантна најава од Шпанија: Лапорта сака да го врати Рајкард на клупата на Барселона?!

Откако Чави објави дека заминува од клупата на Барселона неколку имиња се поврзуваа со каталонскиоте гигант, а последното кое се појави во јавноста е најголемо изненадување.

Наводно, претседателот Лапорта се сетил ни помалку, ни повеќе на – Франк Рајкард! Во текстот на шпанските медиуми се наведува дека Рајкард би можел да биде следното име кое Лапорта ќе го врати во клубот. Претходно Чави беше доведен на клупата, Рафаел Маркез доби улога како тренер во младинските категорија, Деко беше назначен за псортски директор, Јулијан Белети за асистент тренер на тимот до 19 години го доби Бојан Кркиќ, а овој тим во еден момент го водеше и Хавиер Савиола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сега како што се наведува редот дошол на Рајкард. Холанѓанецот ја водеше Барселона од 2003 до 2008 година и со него Каталонците освоија две титули во Ла Лига, два Суперкупа и една титула во Лигата на шампионите. Во сезоната 2005/2006 славеа двојна круна.

По Барселона Рајкард ја водеше Галатасарај и репрезентацијата на Саудиска Арабија од 2011 до 2013 година и тоа беше последен негов ангажамн. Поради сензационално звучи најавата дека може да седне на клупата, освен тоа се додава дека асистент може да му Марко Ван Бастен.

Рајкард наводно не ја отфрлил можноста да се врати на фудбалот, меѓутоа засега е посветен на работата со недвижности во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

На Милан му се повредија двајца фудбалери во натпреварот од шестото коло на Лигата на шамп…