Данскиот чувар на мрежата, Каспер Шмајхел кој е син на легендарниот Питер се прости од својот трагично загинат претседател.
Вичај Шривадханапраба го загуби животот во падот на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Уште тој ден Шмајхел најемотивно ја примил трагичната вест. Голманот кога ја добил страшната информација истрчал од соблекувалната и прснал во плач поради глетката која ја затекнал. Сепак, Лестер дека го загуби претседателот потврди вчеравечер.
„Не можам да поверувам што се случи. Скршен сум. Не можам да поверувам дека пред два дена те видов за последен пат. Не, ова не е реалност. Твоето значење за овој клуб не може да се опише со зборови. Сите знаеме што ти со семејството направи за овој клуб. Но, не е само клубот во прашање. Се грижеше и помагаше во болниците во Лестер, твојата хуманост нема да се заборави. Ти беше над се. Знам дека нема да сретнам човек како тебе, напорно работеше, беше посветен стравственм љубезен и великодушен. Секогаш имаше време за секого, допре до сите. За мене секогаш ќе бидеш лидер, татко и човек“.
„Ти го промени фудбалот, направи да веруваме дека невозможното е возможно, не само за нашите навивачи туку за сите во светот. Дојдов во овој клуб во 2011 година, а тогаш ми кажа дека за шест години ќе играме во Лигата на шампионите и ќе направиме големи работи. И мене ме натера да верувам дека невозможното е возможно. Без тебе и твоето семејство, немаше да биде возможно да го доживееме тоа што ни се случи. Ти на сите ни даде нешто кое се случува само во бајките. Ги оствари моите соништа“, гласи емотивното обраќање на Шмајхел.
— Kasper Schmeichel (@kschmeichel1) October 28, 2018