Дома Фудбал Лига на шампиони Шмајхел: Барселона не е најлошто место за Манчестер Јунајтед

Шмајхел: Барселона не е најлошто место за Манчестер Јунајтед

Ждребот од четвртфиналето во Лигата на шампионите ни донесе неколку интересни натпревари, а сигурно дека најмногу внимание ќе привлекува двомечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.

„Старите ривали“ не се сретнале уште од 2011 година и финалето во Лигата на шампионите на „Вембли“ кога Барселона победи со 3:1. Две години претходно исто така играа финале во ова натпреварување, а и тогаш Каталонците беа подобри со 2:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во осминафиналето против ПСЖ сите го отпишаа и навистина беа малкумина оние кои веруваа дека ќе поминат во четвртфиналето. Сепак, пред екипата на Оле Гунар Солскјер во досегашниот дел од сезоната изгледа е пред најтешкиот предизвик, а тоа е Барселона.

„Црвените ѓаволи“ првиот натпревар го играа на свој терен, а реваншот се игра на „Камп Ноу“ кој и тоа како е во добро сеќавање на навивачите на овој клуб. Познато е дека Јунајтед ја освои титулата во Лигата на шампионите во 1999 година во Барселона после неверојатниот пресврт против Баерн Минхен.

Тогаш денешниот тренер, Оле Гунар Солскјер беше херојот на Манчестер Јунајтед, а сега во Јунајтед се надеваат дека во Барсеона може да биде успешен и како тренер. Пред овој натпревар се огласи и легендарниот голман Петар Шмајхел со многу јасна порака.

„Барселона не е најлошото место за Манчестер Јунајтед. Напред Оле“, порача поранешниот голман на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…