Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи се раздели со капитенот Бесар Исени

Шкупи се раздели со капитенот Бесар Исени

Tимот на Шкупи работи на формирање на тимот за следната сезона во која тимот од Чаир ќе има шампионски амбиции, а денес е потврдено заминување. Офанзивецот не постигна договор со раководството за продолжување на соработката и си заминува.

„Исени е дел од историјата на Шкупи и ќе остане запаматен како еден од најдобрите играчи кои го носеле овој дрес. Тука пристигна како млад играч, првиот професионален договор го потпиша во 2015 година. После една година во Вардар, Беко се врати кај нас, со бројот 19 и капитенската лента. Имаше целосна поддршка и беше вистински лидер“, стои во соопштението од Шкупи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкупи до овој момент се засили со Блертон Шеји, Томе Китановски и Зука.

Фото: ФК Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…