Eкс-македонскиот шампион Шкупи веќе работи на трансфер пазарот, а откако вчера го потврди трансферот на Дарко Додев денес го објави пристигнувањето на младиот Келемент Анса.
Станува збор за фудбалер од Гана кој има 19 години и кој треба да биде освежување во средината на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За мене чест и привилегија е да се биде дел од овој фантастичен тим. Од моментот кога влегов во клубот бев трогнат од вистинската топлина и гостопримство што ги покажаа играчите и стручниот штаб. Шкупи не е само тим, туку семејство кое се поддржува на секој чекор од ова патување.
Можам да бидам посветен и да ветам дека ќе дадам се од себе на секој тренинг и натпревар со цел да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, изјави африканскиот фудбалер кој стави потпис на тригодишен договор.