Новак Ѓоковиќ настапот во Рим го заврши во четвртфиналето со поразот од Холгер Руне.
Сепак, од настапот на Ѓоковиќ на овој турнир најмногу се коментираше неспортскиот потег на Камерон Нори кој намерно со топче го удри Ѓоковиќ, иако го имаше отворен цел терен пред себе. Потегот на 13-тиот играч во светот не беше спортски, меѓутоа британските медиуми застанаа во одбрана на тенисерот роден во Јоханезбург.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така шкотскиот „Тhe Herald“ испрати жестоки критики за српскиот тенисер поради неговите коментари на прес-конференцијата.
„Постои ли посмешен начин да изгубите време од слушањето на Ѓоковиќ како плаче на конференцијата за медиуми? Таму во вторникот Ѓоковиќ зборуваше за Нори и се што не е добро кај најдобриот британски тенисер, а исто така можеше да зборува и за себе“.
Во текстот се потсетува и дека Ѓоковиќ бил бесен поради медицинскиот тајм-аут на Нори на гем пред крајот на мечот.
„Новак Ѓоковиќ беше критикуван дека земаше медицински тајм-аут во финалето на Австралија Опен против Доминик Тим на еден поен пред крајот на мечот кога изгледаше дека Австриецот ја презема контролата. Потоа Вавринка се жалеше на судијата за долгата пауза кога Ѓоковиќ ја правеше во финалето на УС Опен во финалето во 2016 година.
Истото го правеше и Енди Мареј во 2015 година на Австралија Опен, додека Енди Родик во 2008 се шегува дека Ѓоковиќ има САРС и птичиј грип. Можеби да направеше пауза немаше да изгуби од Руне во меч во кој го пцуеше својот тренер Горан Иванишевиќ“, стои во дел од текстот.
Novak Djokovic needs to dry his eyes after Cam Norrie incident https://t.co/TYkzj7DfkY
— Herald Sport (@Herald_Sport_) May 20, 2023