Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шкотите до Шпанците: Одмаздете им се на Англичаните се што ви прават со години!

Шкотите до Шпанците: Одмаздете им се на Англичаните се што ви прават со години!

Веројатно најоригиналната најава за финалето на Европското првенство ни пристигнува од Шкотска.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Медиумот „Тhe National“ од оваа земја го привлече вниманието со пораката за шпанскиот тим пред мечот за титулата шампион на Европа. Шкотите кој познато е дека не ги сакаат Англичаните бараат Шпанија да им се „одмазди“ на Англичаните за се што прават во нивната земја со години.

„Секое лето ви ги полнат вашите плажи и го пијат вашето пиво. Прават хаос во вашите трговски центри. Јадат пржена храна и покрај вашата прекрасна домашна кујна. Се повлекуваат во вашите села кога ќе одат во пензија и ги користат јавните услуги. Не се трудат ниту да го научат шпанскиот јазик. Сега, е време за одмазда“, пишува „Тhe National“.

Во продолжение на апелот пишува уште:

„Нашатап орака за Шпанците е: Спасете не од победа на Англија (или нема да има крај на нивното славје).

На насловната страна стои и фотографија на која е прикажан играчот за врска Родри како шутира англиски турист.

Шкотите секако алудираат на повеќегодишната инвазија на англиски туристи во шпанските летувалишта и затоа ги повикуваат да возвратат на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…