Фудбалскиот клуб Шкендија денеска ја информираше јавноста дека Ардијан Нухиу повеќе не е тренер на тимот.
Одлуката наа раководството била донесена по внимателна проценка и отворен дијалог, по кој двете страни се одлучиле дека е најдобро да ја прекинат работката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот му се заблагодари на Нухиу за досегашниот придонес и со амбиции да продолжи со добри резултати и во вториот дел од сезоната.
На последниот натпревар од есенскиот дел во Првата македонска лига триумфираа со 3:1 против Силекс.
Шкендија во овој момент е на третата позиција со 35 бодови, зад водечката Струга (39) и второпласираниот Шкупи (35).