Вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одигра натпреварот од третото квалификациско коло помеѓу Шкендија и Тотенхем.
Тотенхем до пренодст стигна уште во четвртата минута. Англискиот гигант го искористи неискуството на тетовци во дуел со еден клуб од ваков калибар. Голот за гостите беше дело на Ерик Ламела.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По тој гол Шкендиja се „собра“ и не им дозволуваше на Англичаните да создаваат шанси за гол. Освен кон средината на првиот дел кога Захов одбрани друга поголема шанса Тотенхем не создаде.
Кога се ќе собере во првиот дел гледавме фудбал без многу шанси, а најмногу се играше на средината од теренот.
Вторите 45 минути донесоа по отворен фудбал. Шкендија нападна и после 10 минути игра успеа да стигне и до изедначување. Нафиу со еврогол го совлада Харт.
По изедначувачкиот гол на Шкендија Жозе Мурињо веднаш во игра ги прати Хари Кејн и Лукас Моура и тоа можеше да се забележи во играта. Тотенхем беше повеќе офанзивен, таквата игра брзо резултираше со гол во мрежата на Захов, а стрелец беше Сон.
На десетина минути пред крајот Сон испрати едно нафрлување, а Кејн беше највисок во шеснаесетникот и со глава со матираше Захов за конечни 1:3.